Ленс Гилман е вреден претприемач со десетина вработени. Фактот дека повеќето од вработените се проститутки не ги спречил луѓето од руралните делови на Невада да го изберат за градоначалник.
Сопствениот на борделот „Ранч Мустанг“ е првиот бизнисмен од таа бранша кој е избран за јавна функција во Невада, откако проституцијата во оваа држава беше легализирана во 1971-вата година.
Гилман (68), себеси се опишува како „доживотен републиканец кој ги цени американските вредности“. Вели и дека за време на кампањата, малкумина му замериле дека е сопственик на бордел.
Тој тврди дека неговиот бордел, кој е оддалечен 15 километри од Рино, го наполнил локалниот буџет со над 5 милиони долари во последните 10 години.
Освен што го полни буџетот, оваа јавна куќа ја намалува невработеноста, бидејќи има 44 работници со полно работно време, и уште 30 до 80 девојки кои работат на договор во зависност од сезоната.
Гилман нагласил и дека незаконската проституција беснее низ цела Америка, и дека е попаметно да се легализира и регулира. Вели дека борделите плаќаат висок данок и дека жените редовно одат на лекарски преглед.
„Јавноста нема поим колку мажи со кои работиме се повредени, или се вдовци, или им е потребна нежност. Оваа индустрија повеќе нуди грижа и нега отколку било што друго“, заклучува тој.