Огромен мутант стаорец најден во Њујорк – сигурно е Сплинтер од Нинџа Желки

popara15 јануари, 20121min00
mutant staorec

Огромен мртов стаорец бил пронајден во една од продавниците на брендот за чевли Футлокер во Њујорк.

Се претпоставува дека стаорецот, кој е долг скоро еден метар, му припаѓа на родот големи стаорци кои потекнуваат од Гамбија.

„Нема шанси ова да е обичен стаорец од канализација“, изјвил доктор Роберт Вос од Американскиот музеј за национална историја и додал дека е 90% сигурен дека станува збор за стаорец од Гамбија.

Вос смета дека стаорецот најверојатно е избегано милениче, иако овој вид на стаорци се забранети во Њујорк како миленичиња. Но ние мислиме дека можеби станува збор за Сплинтер, учителот на нинџа желките.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag