На 24 јануари 2011 година постхумно му беше доделен орденот за залуги на Тоше Проески од страна на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов. Орденот му беше доделен за високите дострели во неговата професионална музичка дејност.
Орденот го заслужи и со промовирањето и збогатувањето на македонските културни вредности, како и неговиот постојан ангажман во хуманитарните цели, организирањето хуманитарни концерти и добротворни настапи, а со тоа допринел и за афирмација на Македонија во светот.
Орденот за заслуги го додели шефот на државата Ѓорге Иванов и му го врачи на Кристијан Ристески, внукот на Тоше Проески.
Покрај своите огромни уметнички квалитети, Тоше пленеше со својата хуманост. Тој беше именував за амбасадор на добра волја од страна на УНИЦЕФ во 2004 година.
httpv://www.youtube.com/watch?v=uVd_JHhJFxQ