Основната мисија во животот – наречена „среќа“

popara12 февруари, 20121min00
ss

Идеата за оваа статија ја позајмивме од книгата World Book of Happiness , а целта на книгата е да покаже на луѓето, дека ако внатрешно не се задоволни, сите други успеси и постигнувања во животот се небитни. Специално за вас издвоив неколку полезни совети, кои ќе ни помогнат на нас трагачите да ја најдеме толку посакуваната емоција наречена среќа.

Бидете задоволни од тоа што го имате – среќните луѓе се со скромни стремежи и го сакаат она што можат да го постигнат.

Уживајте во се што правите – среќните луѓе го прават она што ги прави да се чувствуваат добро и се насладуваат на тоа што го прават и не го прават за слава или пари.

Живејте за „денес“ – нема смисла да страдате за минатотo, за неуспехот или за работите што не се случиле така, како што сте сакале. Среќните луѓе живеат во сегашноста. Ако не можете да бидете среќни денес, зошто мислите дека утре ќе биде поразлично?

Изберете среќа-  претставете си го животот како историја која можете да ја редактирате додека ја создавате. Но за ова ви е неоходен позитивен поглед кон животот. Луѓето кои сметаат дека имаат слободен избор и целосна контрола над својот живот се посреќни од луѓето кои веруваат дека многу малку од тоа што им се случува може да се измени со сопствената волја.

Среќата е во врските – ние ја апсорбираме среќата на другите луѓе. Така како што другите можат да ве направат среќни, така и вие можете да дадете среќа на друг.

Бидете активни – социално активните луѓе се најздрави и најсреќни. Бидете активни, создадете голем круг пријатели и не ги одбивајте поканите за забава.

Не се споредувајте со другите – не трошете го своето време анализирајќи го животот на другите луѓе и наместо тоа фокусирајте се на своите цели, мечти и амбиции и длабоко во себе верувајте дека тоа што си го посакувате ќе се оствари.

Бидете она што сте – никогаш не треба да ве загрижува што другите мислат за вас. Среќните луѓе се спонтани, природни и ралисти и секогаш го кажуваат она што го мислат. Само ако сте вистински ќе се чуствувате слободни и среќни.

Заборавете на грижите – среќните луѓе се безгрижни и знаат тека 90% од работите кои не тревожат, никогаш не се случуваат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag