Премиер колач

12 февруари, 20120
premier

Потребни состојки:

7 јајца

180 грама шеќер

1 маргарин

200 гр. чоколадо

180 гр. мелени ореви

3 лажици џем

За глазура:

70 гр. маргарин

100 гр. чоколадо

3 лажици шеќер

3 лажици млеко

Припрема:

Изматете ги жолчките со 180 гр. шеќер, па додадете го маргаринот, ренданата чоколада и мелените ореви. Посебно изматете ги белките, па додавајте една по една лажица во смесата со постојано матење.

Откако ќе ја изматите смесата, ставете ја во тава за печење во која претходно сте ставиле хартија за печење. Печете на температура од 180 степени околу 30тина минути. Проверете со чепкалка дали кората е печена.

Печениот колач премачкајте го со џем. Потоа во тавче растопете ги состојките за глазура и откако ќе добиете хомогена смеса, со неа премачкајте го колачот. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi