Заборавете на темните и наситени сенки за очи, тешката пудра и интензивните бои кармини. Пролетта е времето кога треба да и дадете шанса на лесната и нежна шминка, која создава впечаток на свежа и сјајна кожа, или накрактко кажано – природен изглед.
Она што го видовме од последните модни ревии, како и она што го слушнавме од светски познатите мејкап артисти е дека сезонава шминката треба да биде сосема лесна, ненаметлива, во нежни тонови со цел да се создаде природен изглед.
Еве што препорачуваат стилистите: лесна пудра, коректор по потреба, руж и сенка за очи во пастелни пролетни бои, а за усните единствено безбоен сјај и секако маскара за трепките. Ништо друго не ви е потребно!