Островите Cook – Најчуваната тајна во Пацификот

popara8 април, 20122min00
1 (1)

Островите кои во голема мера се недопрени од туризмот, нудат ретка прилика да се искуси поинаков вид одмор..

Овие острови, кои се наоѓаат во Француска Полинезија, а кои вкупно ги има 15, лежат на половина пат помеѓу Нов Зеланд и Хаваи, расфрлени како миризливи ливчиња, на сензуалниот океан чие пространство зазема 2,2 милиони километри квадратни. Можат да се пофалат со ретка убавина, идилична клима, бескрајни песочни плажи, топли луѓе со широка бела насмевка и темпо на живот кое овозможува мир. Островите Cook се вистински рај на земјата.

Културата на овие острови е обликувана според полинезиското наследство помешано со европските влијанија. Мешавината од магични мистични острови, пренесена преку романтични легенди, пиратерии, лудории и скриени богатства, ги обликувале и традицијата и обичаите кои на народот кој живее на овие острови, му дава единствен идентитет.

Главен град е Раротонг. И покрај огромниот број посетители годишно ( околу 100.000 ), островите се малку населени. Овде не постојат високи згради, хотелски ланци, туку само мали објекти. Идеално место за патниците кои бараат повеќе од вообичаените клишеа. Секој остров има посебни квалитети кој на гостите им нуди посебни доживувања. Меѓународниот аеродром се наоѓа во главниот град, така што островите се добро поврзани и со авио линии.

Бидете сведоци на  уникатната прилика за совршен одмор… Погледнете зошто !!!

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag