Освоил 63.000 евра на квиз и сите ги потрошил за да не ги дели со неговата жена:)

popara3 септември, 20121min00
kviz

Британецот Скот Браун на ТВ квиз освоил 63.000 евра, и цврсто одлучил дека неговата жена која го напуштила, не смее да добие ни цент.

Неговата жена поднела барање за развод во декември минатата година, кога тој открил дека го изневерила со возач на камион кого го запознала на интернет.

До прикажувањето на квизот на ТВ, кога неговата жена дефинитивно би дознала за неговата добивка, имал четири месеци да ги потроши парите.

Триесетгодишниот татко на две деца искористил 19.000 евра да ги исплати сите долгови кои тој и неговата жена Рејчел (29) ги имале на кредитните картици, кредити и дозволени пречекорувања.

Одвоил речиси 2.500 евра за покривање на трошоците за развод и купил играчки, облека и работи за куќата за неговите две деца.

Признава дека најмногу пари потрошил на забава, помеѓу останатото за одмор во Мексико и автомобил.

Како што се испоставило, Браун во право во врска со својата жена. Штом квизот бил емитуван, отишла во суд за да се погрижи да го добие својот дел.

Тој вели дека е “апсолутно згрозен” од неговата сопруга: “Како таа има право на овие пари? Мојот живот се распадна, не можам да ги гледам своите деца секој ден и изгубив се за што работев 11 години”.

Г-ѓа Браун одбила да коментира.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag