Авелино Чавез го преземал ликот на Супермен пред 15 години, кога ја загубил работата на чувар во една јавна куќа. Иако заработува само 160 долари месечно, тој тврди дека има сила и волја на суперхерој.
Иако тој нема способност да лета , луѓето може да го сретнат несекаде во Лима, на политички собири, на венчавки, фестивали и други настани.
„Кога ја загуби работата сфатив дека можам да станам Супермен. Отидов во продавница и купив сина маица, а една роднина која шие ми направи наметка, појас и чизми“, изјавил Чавез.
Една политичка партија сакала да го кандидира токму него за Конгресот, тој прифатил но не успеал да оствари добри резултати на изборите.