Научниците кои работат во еден национален парк во Намибија откриле сунѓерасти фосили за кои тврдат дека се првите животни на Земјата, а тоа би значело дека животните настанале 100 милиони години порано од што се мислеше.
Малите перфорирани фосили биле пронајдени во намибискиот национален парк Етоша и на други места околу земјата во карпи стари помеѓу 760 и 550 милиони години, соопштил десет члениот тимн на истражувачи.
Тоа значи дека овие сунѓерасти фосили, покриени со дупки дозволуваат течноста да циркулира во нивното тело биле наши предци, изјавил коавторот на истражувањето Тони Прејв, геолог од Универзитеот Сент Ендруз од Шкотска.