Кога конечно се чинеше дека британската пејачка Адел го преболела нејзиниот поранешен дечко кој бил инспирација за напишаните два албуми и конечно ужива во љубовта со Симон Конецки, во медимумите се појави веста дека нејзиниот избраник е оженет!
И додека медиумите тврдат дека Симон е во брак од 2004 година и дека има пет годишна ќерка, Адел преку својот блог се изјаснила дека Симон веќе четири години е разведен.
“Ова е прв и последен пат да зборувам за мојата врска со Симон! Спротивно на вестите во весниците дека е оженет, Симон веќе четири години е разведен. Сите во нашите животи ни посакуваатс е најдобро. Чувајте се и се гледаме во февруари!”, напишала Адел на својот блог.