Ова момче е извршителот на масакрот во Конектикат

16 декември, 20120
g_lanza
Адам Ланза е убиецот кој во основното училиште во Њутаун, Конектикат го направи најголемиот масакр.
Дваесетгодишниот Ланза влегол во основното училиште со два пиштоли и уби 26 лица, меѓу кои 20 деца на возраст од пет до десет години, а на крајот си пресуди и  себеси.
Го опишале како пореметен чудак кој се однесувал аутистично. Поранешните наставници тврдат дека се работи за многу интелигентно момче кое никогаш не покажувало знаци на насилство.
Момчето масакрот го започнал дома каде на својата мајка Ненси и’ пукал во лице, а потоа отишол во основното училиште каде продолжил да пука.
Влегол во одделението во кое предавала неговата мајка и започнал со пукање. Притоа ја усмртил директорката и наставничката по психологија кои се обидувале да го спречат во ходникот на училиштето.
Во училницата ги убил скоро сите ученици, а тогаш тргнал кон другите училници. После стотина испукани куршуми, момчето си го одзело животот.
Полицијата го уапси и неговиот брат Рајан Ланза, но нема сомневање дека има било каква поврзаност со убиствата. Рајан пред апсењето оставил порака дека тој не е убиец, туку неговиот брат Адам.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi