Парфеми во чест на Мајкл Џексон! Неговото име нема да го злоупотребиме, само парички ќе правиме! Абе ајде…

popara8 јануари, 20121min00
Michael-Jackson

Таткото на починатиот пејач Мајкл Џексон, Џо, највил дека кон крајот на јануари во продажба ќе се појават парфеми посветени на неговиот син, но дека нема да се користи неговото име.
Џо Џексон, кој е исклучен од тестаментот на пејачот, прв пат ги промовирал парфемите “Jackson”s Tribute” и “Jackson”s Legend” во мај на филмскиот фестивал во Кан.
Меѓутоа, лансирањето на парфемите е запрено кога компанијата која поседува комерцијални права за продажба на производи, под имато на Мајкл Џексон го тужела неговиот татко.
Џо Џекаон и неговиот партнер, франџуски експерт за парфеми Жилијан Раус сега најавуваат дека продажбата на парфемот ќе започне на 21 јануари во Лас Вегас.
Парфемите со името “The JRP/Jackson Perfume Collection” ќе се продаваат во трговските центри.
“Не го користиме имато на мајкл ниту пак неговиот лик”, изјавил Руас Ројтерс.
Тој изјавил дека семејството не сака премногу да се експонира и дека поради тоа сакапарфемот да се продава во трговските центри, а не во големите парфимерии.
Џексон и неговиот партнер нагласуваат дека мирисите кои ќе се продаваат за 59 долари, “ќе оддаде почит на најголемата ѕвезда кои го красеше светот”.
Џексон (50) почина на 25 јуни 2009 година во Лос Анџелес од преголема доза на седативи и анестетици.
Неговиот личен доктор Конард Мареј е осуден на 4 години затвор за убиство.