Патот на промената…кон жена со самодоверба!

popara4 април, 20121min01
u2

Сакаш да си поуверена во себе? Тоа го сака секоја втора жена на планетава, но дали превземаш нешто во врска со тоа?

Овие 5 едноставни чекори ќе ви помогнат да бидете жената каква од секогаш сте посакувале да бидете:

Секој ден кога ќе се погледнеш во огледалото кажи си: Колку сум убава денес, нема друга како мене! Секогаш насочи го твоето внимание на твоите убави карактеристики и не гледај ги постојано само недостатоците.

Грижи се секогаш да најдеш време за да изгледаш средена и свежа, а тоа се постигнува со малку пудра, маскара, сјај и руж и малку позитивен поглед кон животот…

Еден ден во неделата посвети го само за себе и за ништо друго. Ден во кој ќе си направиш пилин на телото, маска за лице и маска за коса. Во нашава рубрика за убавина ќе најдете многу добри маски, а ова треба да стане дел од вашиот живот и навика. Мојот ден е недела и неделата е мојот ден посветен на мојата убавина. Се друго ќе почека…

Друг многу важен чекор е секако спортот. Секој од вас треба да го избере спортот што му лежи. За оние што сеуште не почнале, треба да знаат само едно – дека спортот препородува, мотивира, дава огромна енергија и огромна самодоверба. Едноставно мора да пробате!

Последниот чекор е и најважниот. Запомни дека се е до главата. Гледај се себе си како една успешна жена, која нема проблем со тоа да држи на своите ставови и позиции, која знае кога да каже не, пред која паѓаат мажите на нејзината убавина, шарм и сексапил. Ако вака размислуваш за себе, со тек на време тоа ќе стане факт!

Ви посакувам на сите голем успех и очекувам во најскоро време да ни се пофалите со добрите резултати!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag