Колин Милер долги години работи на железница, а секој ден му започнува на ист начин, со високи ноти.
Овој англичанев кој има 61 години, неверојатно многу наликува на познатиот италијански оперски пејач.
Колин со својата појава, но и глас ги изненадува сите патници кои поминуваат покрај него. Многу често луѓето застануваат за да се сликаат со англискиот Павароти. Овој Павароти го пропатувал светот, а имитирајќи го славниот оперски тенор во СИнгапур и Токио знаел да заработи и до 500 евра на ден.