PayPal и на паметните телефони

popara19 март, 20121min00
11565109644f636a5a64fa0783802797_330x241

PayPal го претстави PayPal Here, додаток за паметните телефони кој им овозможува на трговците да ја наплатат сметката со кредитна картичка.

Нешто слично веќе со години го прави соосновачот на Twitter, Џек Дорсеј, а неговото решение се вика Square.

Но, сега кога и PayPal влезе во таа приказна, можеме да кажеме дека натпреварот се заоштрува.

PayPal Here е многу едноставен хардверски додаток со троаголен облик кој едноставно може да го приклучите за iPhone, а поврзан е со соодветна PayPal апликација за тој телефон. Со помош на него можно е многу едноставно да направите наплата од кредитната картичка на корисникот.

PayPal оваа направа бесплатно ќе ја подели на малите трговци ширум САД, а како што самите признаваат, тука нема некоја голема иновација во однос на Square и останатата конкуренција.

Разликата е, велат, во тоа што овој уред доаѓа од Pay Pal, еден од најголемите брендови поврзани за онлајн трговијата и размената на парични средства воопшто.


 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma