Пешачењето е најдобриот антидепресив

6 мај, 20120
z

Се докажа дека околу 10% од луѓето се среќаваат со депресијата во различна фаза од својот живот. За справување со овој проблем, лекарите нудат најчесто лекарства, но последната студија покажува дека луѓето можат да се справат со болеста и на друг начин.

Експертите утврдиле дека пешачењето е најдоброто средство против депресија и го има истиот ефект како и другите физички активности, кои бараат повисоко ниво на енергија.

Предноста на пешачењето е во тоа што е по силите на повеќето луѓе. Оваа едноставна физичка активност не бара никакви финансиски средства и може да стане дел од начинот на живот на оние што страдаат од депресија.

Експертите советуваат дека особено полезно е пешачењето на чист воздух, зошто најдобро помага за производството на хормоните, кои влијаат позитивно врз емоционалната состојба. Секоја една мала прошетка, ќе ви донесе и голема насмевка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *