Пет неочекувани причини за покачување на килограмите

10 февруари, 20120
rr

На многу од нас ни се случува да сме на диета, да не јадеме многу, но сепак килограмите остануваат или пак се покачуваат. Има добра причина зошто е тоа така. Прекумерното количество калории сосема не е единствената причина за покачување на телесната тежина. Тука ние ќе ви ги представиме петте основни фактори кои немаат никаква врска со храната или евентуалната диета, но како што се покажа, често водат до зголемување на килограмите.

Недоспивање – телото функционира најпрвилно кога е одморено. Ако сонот не ви достига, организмот преминува во фаза на стрес и по биохемиски пат започнува да трупа килограми со цел да се обезбеди од евентуални последици.

Другиот исто толку силен фактор е стресот – стресот изгледа толку логичен наш сопатник во секојдневието, што веќе сме навикнале со него и не му обрнуваме доволно внимание. Стресот го исцрпува телото, како психички, така и физички и во тие состојби телото започнува да се снабдува со извори на енергија, односно преминува во режим на преживување, забавување на метаболизмот и натрупување на масни резерви како депо.

Третата причина се лекарствата. Некои лекарства меѓу кои тие против депресија, мигрена, болки, хипертонија, дијабет, хормонски, контрацептиви, стероиди и многу други придонесуваат до покачување на телесната тежина што може да достигне до 5-6 килограми само за месец.

Исто така може да се дебелеете кога причината е некаква болест. Најчесто таква тенденција покажува проблемот со штитната жлезда што води до забавување на метаболизмот. Ова не е единствената болест, има и многу други, па затоа ако почуствувате некој од овие симптоми отидете на лекар и консултирајте се – постојан замор, летаргија, подување, ви се спие премногу, чести настинки, главоболки и сл.

Последната причина е менопаузата што представува еден процес на огромни промени на женскиот организам, како хормоналниот дисбаланс, депресивните состојби, зголемен апетит поради тоа и како резултат покачена тежина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi