Дека човек може да гризне куче, а не обратно, се потврди и со веста од Чикаго, каде една девојка во момент на бес и во пијана состојба, успеала да ја повреди мајката и да го гризне кучето од расата булдог.
Американската полиција ја уапсила Анализ Гарнер бидејќи интервенирала на повик од соседите кои слушнале бучава од куќата на соседите.
Полицијата соопштила дека ја уапсила 19 годишната девојка која по бирна расправија ја нападнала мајката, а потоа и домашното милениче.
Мајката на девојката имала неколку гребаници по лицето, додека англискиот булдог имал видливи траги од каснувањето на грбот.
„Сепак, на крај кучето ја каснало и девојакта во самоодбрана“, изјавил еден од полицајците.
Анализ била обвинета за малолетничко пијанство, семејно насилство и сурово однесување кон животните.