Потребни состојки:
- 3 лажици масло
- чешне лук
- 3 лажици излупени бадеми
- 2 главици кромид
- 500гр овчо месо
- сол
- пиперка
- 2 лажици доматно пире
- 750мл супа со месо
- 250гр ориз
- 100гр суво грозје
Начин на подготовка:
Маслото загрејте го во тенџере и во него испржете ги бадемите со лукот. Извадете го лукот, па во тенџерето додадете ситно сецкан кромид, пропржете и додадете го месото исечено на коцки и пржете додека не порумени. Додадете сол, пиперка, а доматот помешајте го со супата и со тоа прелијте го месото. Варете покриено еден час, па додадете го измиениот ориз и сувото грозје. Оставете уште 20 минути да се свари оризот на тивок оган, а потоа сервирајте.