Пилинг од кафе против сува кожа и целулит

popara17 јануари, 20121min00
kafe

Пилингот од кафе е прилично едноставен и достапен начин за нега на кожата и можете да го подготвите сами. Кафето ќе влијае позитивно на вашата кожа, ќе ја омекне и ќе и даде неверојатн сјај. Ви претставуваме три најлесни рецепти за пилинг од кафе:

1. Најлесен начин за да направите пилинг од кафе е да го намачкате телото со вашиот омилен гел за туширање, а потоа врз гелот за туширање да нанесете исушен талог од кафе и нежно да масирате. Оваа маска е одлична за сите видови на кожа.

2. Промешајте го талогот од кафе со загреано млеко за да добиете кремаста смеса. Нанесете го пилингот по целото тело и масирајте се. Овој пилинг особено се препорачува за омекнување на сувата кожа.

3. Користете го овој пилинг како антицелулитен лек. Измешајте половина шоља зобни трици со две лажички сол и две лажички талог од кафе. Додадете 5-6 капки етерично масло од портокал, 3-4 капки етерично масло од рузмарин  2-3 капки етерично масло од цимет. Нанесете од смесата на проблематичните делови од телото и масирајте се 5-10 минути, па исплакнете со студена вода. Врз кожата нанесете хидратантна крема или антицелулитна крема.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag