Пивскиот стомак – најголемиот непријател на машката самодоверба

popara16 јануари, 20121min00
pivski

Доколку мислите дека само жените се опседнати со целулитот, брчките или стриите, размислете повторно. И мажите имаат свои грижи околу нивниот изглед, а најголем проблем за големиот дел од мажите претставува „пивскиот“ стомак.

Четири од пет мажи се незадоволни со својот изглед, покажаа анкетите кои ги спроведоа истражувачите од Универзитетот во западна Англија. Најголем проблем на мажите е пивскиот стомак, кој изгледа е еквиваленте на женскиот целулит.

Вкупно 35% од испитаниците одговориле дека би жртвувале една година од својот живот за да бидат во форма и за да немаат проблем со вишокот на килограми. Од над 400 испитаници, 80% одговориле дека редовно разговараат за своето тело со пријателите и дека главна преокупација им се мускулите. Над 60% одговориле дека најголема желба им е да имаат стомачни мускули и мускули на рацете и торзото.

Резултатите од истражувањето покажаа дека огромен процент од мажите ја базираат својата исхрана на протеини, додека една третина рекле дека конзумираат додатоци во исхраната со протеини.

„Иако изгледа дека само жените се опседнати со својот изглед, нашето истражување покажа дека и мажите се под огромен притисок поврзан со нивниот изглед“, изјавила доктор Филипа Дидрис, раководител на спроведеното истражување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag