Племето Машо Пиро од Перу нема никаков контакт со цивилизацијата!

1 февруари, 20120
120201008.1_mn

Групата Survival International објавила фотографии од племето Masho-Piro од Перу кое живее во близина на националниот парк Ману. Ова племе никогаш немало директен контакт со цивилизацијата, но се почесто се појавуваат во близина на други луѓе.

За преселбите на ова племе групата Survival International ги обвинува проектите за откривање на плин и нафта и нелегално чистење на земјата. Меѓутоа, племето очигледно сака да продолжи да живее како и до сега.

Во последно време се почесто се забележува насилство над луѓето кои им се приближуваат на членовите на племето или пак кои доаѓаат на нивна земја. Членовите на племето со стрели мавале по туристите кои биле во чамци.

Сите напади укажуваат на тоа дека племето се плаши да стапи во контакт со цивилизацијата и светот кој ги окружува.

Шпанскиот археолог Диего Кротихо на одалеченост од 120 метри успеал да направи фотографии од ова племе користејќи и телескоп монтиран на фотоапаратот. Неговите фотографии се досега  најдеталните фотографии кои се направени од ова племе.

Експертите инаку, сметаат дека насилството може да се запре доколку се заштити земјиштето кое им припаѓа на локалните племиња.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma