Актерката Анџелина Џоли со Бред Пит имаат шест деца, а очигледно ова семејство наскоро ќе се прошири. Всушност, според американските таблоиди, Анџелина е бремена и очекува принова. Близки извори на американскиот магазин ОК! Оваа информација ја потврдиле, велејќи дека актерката во моментов е во третиот месец од бременоста. Пред само неколку дена актерката во едно интервју, без причина, изјавила: “Би можела уште еднаш да бидам бремена”.
Нема никаква потврда, ниту демант од страна на портпаролот на семејството Џоли и Пит.