Победете ја зимската депресија

26 јануари, 20120
depresija

Кратките денови, студеното време, недостатокот на светлина се само дел од причините зошто зимно време владее вистинска депресија. Според критериумите на светската здравствена организација, зимската депресија се карактеризира со лошо расположение, губење на интерес, постојано чувство на замор, несоница или постојана поспаност, пореметување на апетитот, слаба концентрација, чувство на вина, тага и многу други симптоми.

Па, како да се ослободите од зимската депресија??? Еве ви неколку совети:

Често одете на прошетки. Докажано е дека физичката активност го подобрува расположението и рамнотежата на психата, а го подигнува и имунитетот и го намалува ризикот од болести.

Запалете ги сите светла во станот, светлината помага да имате позитивни мсили.

Кафето и напитоците со кофеин ја зголемуваат нервозата, па треба да ги избегнувате. Наместо нив пијте чаеви, особено од камилица и нане.

Слушајте ја вашата омилена музика.

Опкружете се со бои, особено со портокалова која позитивно влијае на расположението.

Јадете повеќе јаглени хидрати, тие го подигнуваат нивото на хормонот на среќа серотонин.

Обидете се да си легнувате и да станувате во исто време, така ќе го подобрите метаболизмот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma