Под истрага купувањето на Motorola од страна на Google

popara23 јануари, 20121min00
9113771084f193d5c98111006235067_orig

Регулаторните тела на Европската унија повторно покренале ревизија на купувањето на компанијата „Motorola Mobility” од страна на Google, за да испитаат дали постои опасност од создавање монопол.

Европската комисија како рок за донесување на крајната одлука го постави 13 фебруари. Google, како најголем производител на софтвер за смарт телефони, ја купи Motorola и стекна право на 17.000 нејзини патенти со кои има намера да го штити Android во правните битки со ривалите како што е Apple.

Освен тоа, купувањето на Motorola веројатно значи дека Google ќе се концетрира и на произведување на телефони, односно хардвер. Претставниците на Google и Motorola не сакале да коментираат за одлуката на Eвропската комисија.

Google и Motorola ќе мораат на европските регулаторни тела да им достават дополнителна документација. Дополнителната ревизија на оваа зделка веќе се спроведува и во американското министерство за правда, како и одборот за борба против монопол при кинеското Министерство за економија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag