Оваа година беше исклучително успешна за 25-годишната британска пејачка Емели Санде.
Нејзиниот албум “Our Version of Events” е единствено издание кое оваа година успеа во Велика Британија да се продаде во тираж од повеќе од еден милион примероци, а во септември нејзиниот албум ја надмина овогодинешната продажба на албумот ‘21’ на Адел.
Од овој албум пејачката имала два сингла кои се најдоа на врвот на бројните топ листи. Инаку, Емели оваа година на колешката Алиша Кис и ја нпиша песната Not Even a King.
Најновиот сингл ‘Clown’ од албумот “Our Version of Events” доби свој визуелен идентитет. Погледнете …