Неодамна се појавија фотографии од снимањето на спотот Uzbuna, кој Северина Вучковиќ го снимила во луна парк, а денес точно во 12 спотот е објевен на YouTube.
“Среќна сум што снимивме симпатичен спот во лунапаркот за Uzbunu, песната од мојот нов албум ‘Dobrodošao u klub’. Колку што јас уживав во снимањето, се надевам дека толку ќе уживате и вие во гледањето на овие зимски денови кои се пред нас…Многу ве сакам!”, напишала Северина на својата официјална страна на Фејзбук.
Покрај новиот албум, денес во продажба е пуштено и дигиталното издание на долгоочекуваниот албум ‘Dobrodošao u klub’.
Инаку, Северина снимила дуетска песна со Жељко Бебек која носи наслов ‘Танго’. Ова е нивна прва заедничка соработка од 1998 година и песната Rastajem se od života. Песната Танго се најде на новиот албум на Северина. Уживајте!