Денешно време технологиите се навлезени толку длабоко во нашето секојдневие и во нашата работа. Речиси цел ден го минуваме пред компјутер уморни од долготрајната работа. И ќе се сетиме на здравјето само тогаш кога ќе ни се случи нешто лошо. Лошата вест е дека со седењето пред компјутер нема како да ослабнеме или метаболизмот да ни се засили. Добрата вест е дека можеме да ги заштитиме ако ништо друго барем очите, бидејќи со ваквиот начин на живот тие се изложени на најголема опасност и оштетување. Ако сакате подолго да ве служат еве кои супер храни треба да ги вклучите почесто и редовно во својата исхрана – моркови, слатки компири, брокули, спанаќ, риба и мисиркино месо. Ова храна не полезна само за очите, туку и за целосната здравствена состојба на организмот.