Помниш ако сакаш, но забораваш ако можеш!

13 февруари, 20120
l3

Секој може да помни одредени ситуации, случки, моменти, но не секој може да ги заборави оние нешта, кои оставиле трага која неможе така лесно само да се избрише. Понекогаш тие се населуваат така трајно во нас, што остануваат засекогаш во некое катче на срцето и кога најмалку очекуваме, излегуваат на јаве и разпалуваат во нас пожари, а понекогаш и цела бура.

Има луѓе кои не можеме да ги избришеме од животот. Толку многу ги сакаме што и кога ќе го напуштат нашиот живот, ги помниме долго време, а понекогаш и не ги забораваме. А вистината е само една, ги сакаме! Што и да правиме, за да заборавиме некого и дури и да си мислиме дека сме успеале, со првата прегратка ќе се растопиме во неговите раце. Штом еднаш засакаш некого вистински, никогаш нема да го заборавиш сосема, тој секогаш ќе биде еден дел од твоето срце…

Но нели велат дека прво треба да заборавиш еден човек, за да може тој повторно да се врати во твојот живот. Е, можеби има нешто точно, зошто после толку години поминати, во кои си проживеал што ли не, еден ден тој повторно ти се појавува во мислите, во срцето, во животот…И тоа не е се…Понекогаш останува таму засекогаш и ти неможеш да се бориш со чувствата! Но можеби требало да поминат седмици, месеци, а понекогаш и години, за да разбереш дека едноставно не можеш да го заборавиш тој човек и тогаш повторно посакуваш да си со него.

И затоа – помниш ако сакаш, но забораваш ако можеш!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi