Покрај олтарот во една црква во Грција полицијата пронашла дупка длабока два метри и широка еден метар.
Еден селски поп и црковен старешина на северот во Грција бил уапсен под сомнение дека во потрагата по богатство ископал дупка во црквата. Во полицискиот извештај стоело дека жителите на селото Фиск во близина на Киликис се жалеле на бучавата која доаѓала од дучалка од црквата. Крај олтарот на црквата Цв. Илија полицијата пронашла дупка длабока два метра.
Полицијата е во потрага за уште четри лица кои учествувале во копањето и барањето богатство. Бројот на илегални копања и потрага по богатство се зголемува во Грција пред се поради економската криза.