„Џек, ти си ми најдобар пријател. Заедно се забавувавме. Ќе ми недостасуваш. Ќе бидеш во моите молитви. Те сакам Џек. Со љубов, Џон“.
Оваа порака ја оставил ученикот Џон од училиштето во Њутаун, во кое се случи грозоморниот масакр. Тој се раздели од својот другар Џек (6) кој бил закопан во понеделникот како една од првите жртви во масакрот.
Писмото со пораката се рашири низ медиумите и социјалните мрежи и потресе многумина.