Ако вашиот компјутер се наполни со вируси, често помислувате дека тоа е поради посетувањето порнографски сајтови, но едно ново истражување покажало дека веб страниците со религиски содржини носат повеќе вируси.
Според извештајот кој го составила компанијата Symantec за сигурноста на интернетот, страницитее со религиски содржини во просек имаат 115 потенцијални закани за вашиот софтвер, додека оние со порнографски содржини имаат само 25.
Религиските страници често се полни со лажни антивирусни програми кои на прв поглед делуваат безопасно, но всушност може да направат сериозна штета на вашиот компјутер.
Исто така обрнете внимание на pop-up или pop-under прозорците кои ветуваат награди, а од вас се бара само еден клик.