Тројцата рудари кои беа првредени во рудникот „Саса“ од одрон на камења, според изјавите се надвор од животна опасност. Тие веднаш биле пренесени, прво во болницата во Кочани, а потоа во Штип. Двајца од нив се пренесени на клиниката за пластична хирургија во Скопје.
Случајот ќе се испитува и понатаму, но се претпоставува дека се работи за несреќен случај.