Словак, кого пред 16 години го прогласиле за мртов, бил пронајден во Прага, каде живеел како бездомник.
47-годишниот Игор, неодамна бил откриен од чешката полиција откако бил легитимиран и било утврдено дека човекот во соседната држава се води како починат.
-Кога тој исчезна, ќерката имаше една недела, а синот една година. Ќе бидат изненадени дека нивниот татко е жив, изјави за словачката телевизија „Маркиза“, неговатата сопруга Рената Павлигова.
Таа не е заинтересирана да продолжи да живее со него, бидејќи тој заминал од семејството пред 19 години, а по три години од исчезнувањето службено бил прогласен за мртов.
Прашкиот суд поведе постапка за враќање на првобитниот идентитет на Игор и иако бил неколку пати повикан тој не се појавил и најверојатно не е зантересиран повторно да се врати „меѓу живите“.