Повеќе од 5500 предмети од најпознатиот потонат брод во историјата на човештвото Титаник во април месец ќе се најдат на аукција, објавиле организаторите на аукцијата од Њујорк.
Аукцијата ќе ги опфати предметите како што се дијамантска нараквица, порцелански садови, мебел и други предмети кои биле извадени од потонатиот Титаник од четри километри под површината на океанот.
Сите овие предмети ќе се најдат на аукција како една збирка која во 2007 година била проценета на 189 милиони долари, според компанијата „Премиер Егзибишн“ која е сопственик на предметите од овој брод.
Титаник потоа во 1912 година, а со себе во смрт однесе повеќе од 1500 луѓе.