Кога Питер Џексон ја забележал фармата Александар, која се наоѓа во северниот остров Матамата во Нов Зеланд, веднаш одлучил дека ова место би било совршено за да биде „ трансформирано “ во Хобитон – селото каде што живеат хобитите.
За таа цел, дури и армијата на Нов Зеланд, беше ангажирана да изгради улица со должина од 1,5 километри. За потребите се ископани 37 дупки, кои ги претставуваат живеалиштата на хобитите. Специјално била направена и жива ограда и биле донесени специјални дрвја кои особено се негуваат во текот на зимата. Сламени покриви, дабово дрво и вештачки лисја биле специјално донесени, за конечно, за 9 месеци, 400 луѓе ова непознато место да го направат фасцинација во која ќе се снима еден од најпознатите филмови.
Денес се оставени само 17 од куќичките на хобитите и во нив се чуваат овци. Во 2011 година на ова место бил снимен The Hobbit, a денес претставува извонредна туристичка дестинација, особено за фановите на легендарниот филм.