Палатата Катерина во Пушкин, гратче на околу 25 км јужно од Санкт Петрсбург, кое првовремено било познато како Царско село. Палатата е рангирана меѓу светските ремек дела. Во 1710 година Петар Велики и го подарил овој дел од земјиштето на својата жена Катерина, каде била изградена мала палата од страна на архитектот Браунстеин. Од тогаш па се до последниот руски цар, палатата била користена како летна резиденција на царската фамилија. Во 1756 година палатата е обновена во барок стил од страна на Бартоломеј Растерли. Царското село е преименувано во 1937 година по еден од најголемите руски писатели, кој живеел во Царското село во почетокот на XIX век, Александар Сергеевич Пушкин.