Секоја жена настојува да ја сочува својата убавина колку може подолго, а еден од најочевидните знаци кои ја издаваат возраста се брчките по кожата.
Ќе ви представиме неколку начини кои ќе ви помогнат да го успорите максимално процесот на стареење и појавата на брчки.
Да спиеме доволно
Нема зошто да не изненадува фактот дека сонот е еден од најважните услови за здравјето и убавиот изглед на кожата. Кога ние не спиеме доволно, телото почнува да создава хормони кои ги оштетуваат клетките на кожата.
Не правете премногу мимики и гестикулации
Ако имаме ваква навика, постојано да гестикулираме со лицето, најчесто додека разговараме, тогаш тоа е процес што сигурно води до појава на брчки. Застанете пред огледало, почнете да разговарате како што обично тоа го правите и ќе забележите дека брчките се формирале токму таму каде што се превитува кожата додека гестикулирате со лицето.
Правилна исхрана
Во својот дневен режим треба да вклучиме храна која е полезна за кожата како што се овошјето, зеленчукот, соја, риба, млечни производи, јатки, житарици.
Правилно миење и соодветна козметика
Во предходните статии од рубрика убавина има текстови во кои детално е опишано како правилно се чисти и мие лицето. Исто така многу често сме пишувале и за изборот на козметика диктиран од типот на вашата кожа.