Шеќерот, белото брашно и животинските масти предизвикуваат појава на акни

26 април, 20120
i

Дерматолозите создадоа список со храна која предизвикува појава на акни и други кожни болести. Многу жени трошат голема сума пари за скапа козметика со цел кожата да изгледа убава и млада. Меѓутоа ако вашата исхрана изобилува со шеќер, бело брашно и животински масти, тешко дека ќе успеете да го решите проблемот само со козметика.

Одавна е познато дека акните и другите кожни болести се должат на дисбаланс во организмот. Познато е исто така дека многу од продуктите за грижа на кожата содржат штетни и дури опасни по здравјето компоненти. Меѓутоа кога проблемите доаѓаат од длабочина, колку и да се мачкате со различна скапа козметика, не помага. Решението се крие во комплетното здравје на организмот, сметаат дерматолозите, а пред се здравиот режим на исхрана.

Американскиот дерматолог Лесли Бауман препорачува на жените кои сакаат да се ослободат од акните и другите деформации по лицето, да ја елиминираат консумацијата на шеќер и производи со висока концентрација животински масти (мрсно месо, полномасно млеко и.т.н.) Истото се однесува и на белиот леб, пржените компири, газирани пијалоци кои не само предизвикуваат акни, но и го убрзуваат процесот на стареење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *