Преку 100 милиони претплатници на смарт телефони во САД

popara9 март, 20121min00
19344729984f58afd08b31c065356478_orig

Според податоците на аналитичката компанија comScore, американскиот пазар на смарт телефони по прв пат ја надминала цифрата од 100 милиони претплатници.

Поточно, според податоците од јануари, има 101,3 милиони корисници, што е раст од 13 проценти во однос на октомври минатата година.

Со пазарот на смарт телефони во Америка, што се однесува до платформата, доминира Google, со својот Android, кој има 48,6 проценти пазарен удел.

Втор е Apple, кој на американскиот пазар има 29,5 проценти, а трет е RIM со 15,2 проценти.

Смарт телефони на Microsoft платформа се 4,4 проценти, а на Symbian 1,5.

Истражувањето е спроведено на преку 30.000 мобилни претплатници во Америка, постари од 13 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag