Американката починала на одмор во Унгарија откако три пати не и дозволиле да влез во авионот за Њујорк поради нејзината тежина.
Вилма Солтесз (56) од Њујорк имала 190 килограми, немала една нога и користела инвалидска количка. Вилма починала во Унгарија поради здравствени компликации неколку дена откако авиот компанијата по прв пат не и дозволла да влезе во авионот поради тежината.
Солтез со сопругот отпатувала за Унгарија во својата викендичка како и секоја година. Пред поаѓање, туристички агент ја информирал авио компанијата за здравствената состојба на Вилма и ги информирал дека ќе се вратат назад за Њујорк на 15 октомври за да продолжи со лекувањето. Имено, Вилма имала дијабетес и проблеми со бубрезите.
Нејзиниот сопруг најави тужба против авиокомпаниите, тврдејќи дека Вилма не ја пуштале во авионот зошто немале соодветен појас со кој таа може да се врзе.
“Кога сфативме дека нема да можеме госпоѓата сигурно да ја пренесеме до одредиштето, ја упативме во Прага каде имаме поголеми авиони. И таму еден час се обидувале да ја сместат, но безуспешно”, тврдат претставници од тужените компании.
http://www.youtube.com/watch?v=59ebAkoI9v4&feature=player_embedded