Седум годишно девојче кое боледува од леукемија, се лекува со марихуана!

27 ноември, 20120
mikajla

Седумгодишната Микајла Комсток од Орегон, која е болна од леукемија, е најмлад пациент во таа држава која во битката против опасната болест користи медицинска марихуана. Леукемијата и е дијагностицирана минатата година, а таа е една од 52-те деца на кои државата им одобрила користење на марихуана.

Девојчето зема еден грам масло од канабис дневно за да може да ги издржи дополнителните појави на хемотерапијата како што се мачнини и губење на апетитот.

Но, девојчето кажува дека поради овој лек се “чувствува чудно”, но тврди и дека има повеќе енергија. За себеси кажува дека е храбра, а храброста дошла откако се разболела.

Нејзината мајка Ерин Пурчес го одобрува ваквиот вид на лекување, додека нејзиниот татко стравува дека медицинската марихуана ќе влијае на менталниот развој на неговата ќерка.

Законот во Орегон не бара ваквиот вид на лекување да го следи педијатар, а околу лекувањето право на избор имаат првенствено родителите.

Користењето на медицинска марихуана моментално е дозволено во 18 држави на САД.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi