Ако учите за да станете архитект, Вилијам О’Брајан Јуниор нема да ви биде непознат. Тој во 2011 ја освои првата награда од Архитектонската лига за млади архитекти и дизајнери.
О’Брајан стана финалист во PS1 програмата за млади архитекти и прв добитник на наградата во Биеналето за дизајн во Бостон. Ние би можеле да продолжиме, но неговите награди и квалификации се чини дека се бескрајни, па ајде да преминеме на еден од неговите последни дизајни.
„Близнаци” е нов архитектонски проект кој се наоѓа во државата Њујорк, а кој беше завршен минатата година. Основа се две летни вили на една парцела, кои двајца браќа сакаа да ги направат куќи во кои ќе може да се вселат со нивните семејства. Секоја единица е направена од пет форми и секоја се вклопува совршено во целината. Исто така дизајнот на О’Брајан овозможува да се собира водата од евентуалните дождови. Погледнете го ова неверојатно архитектонско дело.