Компанијата „Rovio” соопшти дека љубителите на „лутите птици” до сега превземале милијарди копии на нејзината игра Angry Birds.
Играта „Angry Birds” се појави во декември 2009. и за достигнување на бројката од 500 милиони превземани копии беше потребно нешто помалку од две години. Наредните 500 милиони копии, пак, се превземани за помалку од 6 месеци. Во меѓувреме, компанијата Rovio ја објави и верзијата Angry Birds Space која само за 35 дена достигна број од 50 милиони превземани копии.
Исто така, компанијата Rovio соопшти дека кориснците ширум светот секој ден поминуваат 300 милиони минути играјќи Angry Birds. Што се однесува до иднината на оваа игра, компанијата соопштила дека планира снимање на филм за популарните птици.
За популарноста на трговската марка Angry Birds доволно говори и отварањето на тематскиот парк Angry Birds во Финска и планираното отварање на сличен објект во Кина.