Пријателство со бившиот не е баш најдобра идеја…
Да бидеме искрени, пријателството по прекинот обично не функционира. Иако на почетокот може да ви делува како добра идеjа, особено ако сте имале мирен и нормален прекин, после некое време работите на овој или оној начин ќе почнат да се комплицираат.
Ако сте во постојан контакт со бившиот, тешко ќе ви биде да продолжите понатаму и да запознаете некој нов. Во негово друштво ќе ви биде тешко да замислите да имате некој нов покрај себе.
Кога ќе го најдете новиот потенцијален партнер, ќе ви биде тешко да му соопшите, а освен тоа и ќе ви биде потешко објаснувањето. Кога сте блиски, нормално е тој да биде повреден од веста.
Кога ќе се гледате ќе имате секакви моменти, па дури и такви на крајот од разговорот и вечерта, да завршите во кревет. Тоа верувајте само ќе ги комплицира работите.