Ломографија е глобална заедница чија силна страст е креативната и експерименталната аналогна филмска фотографија. Започнала со судбоносна средба во раните 1990-ти, кога двајца ученици во Виена, Австрија, се зафркавале со својата “Lomo Kompakt Automat”, руска камера. Земајќи ги сликите наизменично тие биле изненадени од вчудоневидувачките фотографии – боите биле живи, со длабоки сатурации – како ништо до тогаш! По враќањето дома, пријателите го прикажале сосема новиот стил на уметнички експериментални фотографии, кој сега го знаеме како ломографија!