Принцес крофни

28 март, 20120
princes

За тесто:

100 гр. путер

50 гр. брашно

250 мл. вода

4 јајца

Малку сол

Фил:

600 мл. млеко

8 лажици шеќер

1 лажица путер

4  жолчки

4 лажици брашно

Шеќер во прав

Припрема:

Путерот, водата и солта ставете ги да зовријат. Тргнете ги од оган и додадете го брашното, па мешајте се додека смесата не се изедначи. Додавајте ги едно по едно јајцата со постојано мешање.

Намрсете ја тавата за печење. Ставете го тестото во шприц и истискајте ги крофните. Печете 20тина минути на 220 степени без да ја отворате рерната.

500 мл. млеко, 4 лажици шеќер и путерот ставете ги да зовријат. Изматете ги жолчките со 4 лажици шеќер, брашното и 100 мл. ладно млеко. Здответе ги како пудинг, па изладете ги. Помешајте ги двата фила.

Изладените принцес крофни пресечете ги на половина, наполнете ги со филот, па посипете ги со шеќер во прав. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi