Nikki Beach- Најпопуларниот Beach Club во светот

28 март, 20120
uno

„ Кажи им само на најдобрите пријатели “ е слоганот кој долги години се употребува во ова место…

Nikki Beach е неверојатен концепт на клуб на плажа во кој постојано се присутни модата, музиката, забавата и угледот на „ најсексипилно место на земјата“. Овде ќе наидете на единствен спој на луѓе од сите краеви на светот кои уживаат во сончевото попладне и бескрајните ноќи. Местово има надреално убав амбиент, овде коктелите и шампањот се пијат од попладне, проследени од современите светски хитови, радост и позитивно расположение.

Дизајниран во едноставна елеганција, овој клуб има субјекти кои имаат исти елементи кои го прикажуваат луксузниот начин на живеење. Мебелот е изработен од квалитетно дрво од природните шуми на Виетнам, на него може да се видат расфрлани пернички од органски текстил, лесното виорење на завесите од бело платно, а меките кревети и балдахините ова место го прават неверојатно.

Овој концепт прерасна во животен стил, кој со помош на силен маркетинг организира специјални настани, тематски вечери, ВИП карти за своите верни клиенти, поседува модна линија на облека, за првпат претставена на Канскиот филмски фестивал, ланец хотели и одмаралишта. Постои на повеќе од десет различни локации ширум светот како: Мајами, St. Tropez во Франција, Марбеља, Мексико, Мароко, Тајланд, Доминиканската република, Лас Вегас и уште многу други места.

Посетете некое од нив и уверете се дека забавата нема крај !!!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi