Британскиот принц Хари (27) се квалификуваше за пилот на борбени хеликоптери откако по 18 месеци обука дипломираше како првенец на генерација, односно како најдобар копилот, соопшти министерството за одбрана на Велика Британија.
Квалификацијата за пилот ја добива најдобриот студент во групата, велат од министерството и додаваат дека принцот Хари, кој е познат и како „капетанот Велс“, сосема ја заслужил.
Принцот Хари, кој е трет по ред да го наследи тронот на Велика Британија, е обучуван како пилот во САД и Велика Британија.